Доделени наградите за 8 ноември

По повод 8 ноември денот на ослободувањето на градот Штип. Секоја година се одржуваат низа активности, кои се поврзани со настанот. Но, оваа година овој ден ќе се одбележи во време на пандемија. Дел од настаните ќе бидат изоставени.  Традиционалниот начин познат на штипјани, нема да се одржи. Туку, истите ќе бидат доделени он лајн.

Советниците од Совет на Општина Штип едногласно донесоа одлука. Признанието „8 ноември“ се додели на:

Д-р Трајче Стојанов- професор по филозофија на Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип . За постигнувања во сферата од образованието и науката.

Елена Голомеова- оперска пејачка. За исклучителен придонес за афирмирањето на Штип во светот како уметник.

ТППЕ Штип( Територијална противпожарна единица) По повод 100 години пожарникарство и исклучителен придонес во противпожарната заштита на Штип.

Инфективно одделение при Клиничка Болница – Штип. За несебичната борба за заштита на здравјето на граѓаните во услови на пандемија од Ковид-19

За денеска граѓаните на Општина Штип да дишат без страв, слободно да општат и живеат. Се заслужни луѓето од 1944 година кои го дале својот живот за најскапоценото нешто. Со сеќавање на храброста, доблеста и пожртвуваноста, на сите кои својот живот го загубиле во НОБ за слободен Штип се слави 8 ноември.

Надица Стојковска / М Нет

Игор Зиврев / М Нет