Д-р Сашко Николов со став „Избори треба да има, но здравјето е секогаш пред се“

Вжештената ситуација во Штип, за предвремените локани избори не стивнува. И покрај пандемијата со Ковид-19, и огромното зголемување на бројот на заразени од истата, СДСМ не го менува ставот во врска со тоа дека избори треба да има. И претходните предвремени парламентарни избори се случуваа во ваква ситуација, а сведоци сме дека поминаа во најдобар ред. Она што беше предвидено уште пред два месеци, т.е. Штипјани да добијат нов татко на градот треба да помине без прекини.
Во изјава за М-Нет, Николов образложи дека како доктор никогаш го нема запоставено здравјето на неговите сограѓани. Меѓутоа, да се остане без градоначалник е бессмислено, бидејќи ние живееме веќе 9 месеци во време на пандемија, а и не се знае кога ќе биде крајот на истата. Обврските мора да се извршуваат, избори треба да има, секако со почитување на предвидените мерки за заштита од Ковид-19.
Д-р Сашко Николов останува предлогот за кандидат за градоначалник на Општина Штип, од редовите на СДСМ. Одлуката е помината во централниот одбор во СДСМ, а вечерва е предвидена Општинска конференција на која истата одлука ќе биде потврдена и јавно соопштена- дознавме од Николов.

Лаура Стојанова М-Нет