Денес на М Нет во ЖИВО од Велес: Борец против Башкими, од 17 часот

Денес ќе се комплетира првото коло од Втората македонска фудбалска лига, со натпреварот во Велес каде ќе се соочат повратникот Борец и екипата на Башкими од Куманово. Овој натпревар ќе може во живо преку директен пренос да го проследите на телевизија М Нет со почеток од 17 часот.

Борец експресно се врати во Втората лига, откако минатата сезона стана шампион во Трета лига – Југ и преку бараж го совлада шампионот на Трета лига – Запад, екипата на Велазерими со 3:2 во Битола, со што велешката фудбалска гордост по една година во Трета лига – Југ одново е во Втората лига. Во новата сезона велешани одат со цел да бидат стабилни второлигаши, а во следните сезони да го трасираат патот кон Првата лига.

Башкими за оваа сезона има отворени амбиции да ги напаѓа местата кои водат кон Првата лига, тие го сочуваат ростерот од минатата сезона промовираа неколку квалитетни засилувања, претстави седум млади играчи и во новата сезона освојувачот на Купот на Македонија во сезона 2004/2005 ќе атакуваат за кам-бек во Првата лига.

Главен судија на натпреварот ќе биде Александар Василевски од Скопје, а преносот на телевизија М Нет од Велес ќе започне неколку минути пред 17 часот.

Александар Ванев, М-Нет