
Со две специјални награди и гран при се здоби фолклорниот ансамбл „Китка“ од Истибања на меѓународниот фолклорен фестивал ,,Покрај Морава“ во градот Витина Р.Косово. На овој фестивал учство зедоа многу ансамбли од светски рамки, а македонската мелост беше најдоминантната за жири комисијата биде пресудна при извлекувањето на победниците. Покрај гран при, останатите две награди се за најавтентична носија и за соодветна сценка изведба, истакна претседателот на ансамблот Стојко Митковски и додава дека со ова тие се горди на својот крај.
“Фолклорниот ансамбл „Китка“ од Истибање во саботата се вративме од еден прекрасен меѓународен фолклорен фестивал на кој што настапија ансамбли од три континенти . Името на фестивалот е Покрај Морава кој што се одржува во градот Витина во Репубика Косово. Покрај големата конкуренција ие настапивме на три фестивалски вечери со различни програми, каде ги впленивме и стручното жири и публиката, така што зедовме три награди и тоа за најкомплетна, оригинална, автентична народна носија, потоа награда за најкомплетна сценска изведба и секако третата гран-при пехарот.“, вели Митковски
Ова за ансамблот означува многу, покрај дружба, забава и прошетка, за нив ова е и поттик за многу работа и нови предизвици.
“Ова за нас е уште еден поттик за мене, но и за моите фолклористи кои што навистина се среќни и горди, но и радосни. Толку се радуваа кога слушнаа коа претседателот објави кој ја добива главната награда и наистина ова е упте еден голем поттик за целиот ансамбл, не само за тие членови кои што“, истакна Митковски
Инаку, фестивалот траеше пет дена, каде што фолклорниот ансамблот настапи во три фестивалски вечери и на истиот настапија околу 25 уметници. На истиот фестивал овој ансамбл настапи со три сценски постановки како „Истерување на чумата“ , „Белење на платното“ и „Ноќ спротив Ѓурѓовден“.
Лаура Стојанова, М-Нет