Слободни 3900 студентски места на 15 единици на УГД Штип, првиот уписен рок е во тек

Од денес започна првиот уписен рок за студентите на УГД во Штип кој ќе трае до 23 август. Слободни се 3900 места за студентите на 15 единици на универзитетот во рамка на 12 факултети и три уметнички академии. Сите студенти кои гледаат интерес за да студираат на УГД ќе можат да влезат во системот и да ја направат својата апликација, а во текот на овие четири дена, своите документи да ги достават навремено.

„ Денес започнува првиот уписен рок и во текот на овие четири денови 20, 21, 22 и 23 август сите оние кандидати кои веќе се пријавиа во нашиот систем и сите оние кои гледаат интерес да студираат на УГД ќе можат да влезат во нашиот систем и да направат апликација и во текот на овие четири денови да ги достават своите документи. Со тоа завршува нивниот дел од пријавувањето, а понатаму ги верификуваме нивните податоци и со текот на овој прв уписен рок ќе ги рангираме преку преелеминарни резултати.“ – изјави д-р Џидров

Сите студенти кои во првиот уписен рок не се рангирани на примени студенти, можат да аплицираат на вториот уписен рок кој ќе следува на 5 и 6 септември и третиот уписен рок на 18 и 19 септември. Кандидатите од другите градови своите документи може да ги достават во сите наставни центри во Скопје, Гевгелија, Кавадарци и Струмица.

„Ова година УГД ќе ги помогне сите канидати кои ќе се пријават во првиот уписен рок со ослободување од плаќање партиципации на медицинскиот факултет 40, земјоделски, факултет за природно тешнички науки, правен факултет и факултет за туризам и бизнис логистика со по 20 најдобро рангирани. Електроехнички и машински 10 најдобро рангирани кандидати во прв уписен рок, факултет за информатика со 30 најдобро рангирани, образовни науки со 10 и музичка академиа со 10.“ – додава Џидров

Ослободени од плаќање партиципација во прва година се ромските студенти, ослободени од партиципицаија се студентите кои се дел од спортиските тимови на УГД. Од минатата година се вклучени и категориите кои не се опфатени со ниеден конкурс, тоа ќе биде дополнителен конкурс кој ќе следува во наредниот период за категории кои имаат студент со еден родител, починат родител, родител кој го загубил своето родителско право, непознат родител или двајца студенти кои студираат, а нивните родители зимаат минимални примања. Дополнително дел од партиципации се ослободени и студентите кои што имаат над 9,5 просек и минимум 40 кредити во своето студирање.

Како и минитата година, така и годинава интересот е голем за странските студенти и студентите на студиските програми на англиски јазик, а од годинава ќе има студиска програма и на англиски јазик покрај медицинскиот факултет, на факултетот за информатика, правниот и економскиот. Студентите имаат две можности да студираат на македонски јазик, но пред тоа да имаат изучено една година на македонски јазик кај нас, но и програми на англиски каде може веднаш да се запишат.

Лаура Стојанова, М-Нет