
Деветгодишно дете почина на детската клиника во Скопје. Дететото било донесено во тешка состојба од штипската болница.
Директорот на детската клиника вели дека дететото било донесено во неповратна состојба, претходно било болно, а имало и цревна инфекција дехидрирано со ниски параметри.
За состојбата со детето пред да биде испратено на детската клиника во Скопје, одговор побаравме и од штипската клиничка болница. Од таму во писмено соопштение истакнаа дека детето во болницата било донесено во тешка општа состоја.
„Детето е донесено на Одделот за детски болести во ЈЗУ Клиничка болница -Штип на 14.01.2025 г.во 18 часот во тешка општа состојба со засегната свест .Веднаш реализирани биохемиски иследувања и КТ на глава и поради тешката состојба со медицинска придружба во 19 часот истиот ден детето е транспортирано до УК ДБ-Скопје“ – велат од штипската болница.
Деветгодишното дете било од Свети Николе.
Лаура Стојанова М-Нет