
Штипскиот ракометен клуб Астибо за пролетната полусезона во женската Суперлига се засили со Благица Ступар.
Новата ракометарка на штипскиот клуб е родена 2007 годиан, а досега настапуваше за екипата на ЖРК Гевгелија на бековската позиција.
Се работи за млада и перспективна ракометарка, која со својот квалитет се очекува да донесе свежина во редовите на Астибо за вториот дел од сезоната.
Астибо ја оствари првата целта, а тоа беше обезбедување на место во плеј-фот каде штипскиот клуб на првите два натпревари од плеј-оф сегментот забележа два порази. Пролетниот дел екипата на Астибо го отвара против Чаир, а во плеј-оф сегментот настапува шампионот Ѓорче Петров, Металург Автокоманда, Куманово и Вардар.
Александар Ванев, М-Нет