
Почна пробивањето на нова улица, која ќе ги поврзува улиците „Мирче Ацев“ и „Тодор Колораров“ кои водат до новата зграда на Клиничка болница и средното медицинско училиште „Јане Сандански“ во Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека станува збор за нова поширока улица. Потребата од нејзината изградба е поради големата фреквенција на возила околу штипската Клиничка болница
,,Нова сообраќајница на траса, која штои ке ги поврзува улиците Тодор Коларов и Мирче Ацев. За јавноста, станува збор за улици кои што водат о средното медицинско училиште Јане Сандански и до зградата на новата КБ. Всуштината и потребата и потребата од оваа нова сообраќајница е преку поврзувањето на овие две точки да има уште една дополнителна, поширока и побезбедна пристапност до средното медицинско училиште и до новата зграда, затоа што постоечката состојба на ул. Вита Поп Јорданова, Мирче Ацев и Тодар Коларов е загрижувачка од големиот притисок и бројност на автомобили. Ова е комплетно нова траса, која верувам дека ќе го намали постоечкиот сообраќаен метеж на овие претходно наведени улици ќе овозможи обрз пристап до средното медицинско училиште и до новата КБ, а имајќи во предвид дека проектот на влада на Македонија е во непосредна близина до средното медицинско училиште и до зградата на Новата КБ, да има студентски дом и факултет за медицина. Верувам дека оваа траса и оваа сообраќајница перспективно ќе биде користена и ќе користи во пристапноста на сите објекти кои наоколу се наоѓаат и перспективно ќе бидат изградени.“, вели Јорданов
Jорданов потенцираше дека Општината паралелно работи и на нови инфраструктурни проекти, меѓу кои е и новата обиколница од населбите Желзничка и Пребег кон Мерите и викенд населбата Плуждино, а на оваа траса ќе има и нов мост на реката Брегалница. Нова обиколница со нов мост на река Брегалница е предвидено да се изграде и меѓу штипските населби Баби и Балканска
,,Општина Штип паралелно работи на нови инфраструктури на нови улици и сообраќајници, кои досега не биле истрасирани. Една таква е сообраќајница, обиколницата која ги поврзува населбите Пребег, Железника, Плуждино, но и уште една сообраќајница обиколница со нов мост на реката Брегалница е предвидено да се изгради помеѓу населбите Баби и Македонка-Балканса, со нов мост на реката Брегалница. Целта е да се подобри движењето на возилата, комуникацијата помегу граѓаните.“, додаде Јорданов
Со новите капитални прокети, Јорданов е дециден дека ќе го променат Штип визуелно и функционално. Посака динамиката на градба да биде забрана за час и ден побргу, за да проектите бидат ставени во функција.
Иван Митев, М-Нет