
Несоодветно паркирани автомобили во една лента секојдневно создаваат проблеми на улицата „Крсте Мисирков“ во штипско Ново Село, во близина на црквата „Св. Спас“. Поради ваквата состојба, автобусите тешко се движат, а разминувањето на две возила е речиси невозможно. Граѓаните реагираат дека сообраќајот е отежнат и небезбеден, особено во фреквентните периоди од денот.
Од ЈП „Стипион“ велат дека оваа улица во моментов не е опфатена со одлуката за регулирано паркирање и дека надлежноста е кај МВР. Сепак, најавуваат дека во иднина можно е да се разгледа вклучување на оваа локација со цел да се воведе ред во паркирањето.
04:59 vo 05:29 tamu Панче Стефановски, дир. на ЈП ,,Стипион“ – Штип
,,Во мометот морам да кажам дека со одлука на советот, овој потек и улица не е влезена во одлуката за позициите за паркирање, кои се под ингеренција на јавното претпријатие и во моментот ова е ингеренција на службите на МВР, меѓутоа сепак мислам дека би било добро во иднина и оваа позиција да влезе во одлуката, односно на овој начин да се регулира паркирањето таму.“, кажа Стефановски
Од МВР апелираат до возачите да бидат совесни и одговорни при паркирањето на возилата. Посочуваат дека автомобилите треба да се оставаат исклучиво на обележани паркинг позиции. Со неправилното паркирање се отежнува нормалното одвивање на сообраќајот и се создаваат ризици за сите учесници. Особено проблематично е на тесни улици каде што се оневозможува движење на автобуси и возила за итни случаи. Апелот е упатен со цел зголемување на безбедноста и непречено функционирање на сообраќајот.
Иван Митев, М-Нет