Пред изгрејсонце се вапсаа првите три велигденски јајца, денеска е Велики четврток

Уште пред да огрее сонцето, штипските домаќинки ги вапсаа првите три велигденски јајца и го означија почетокот на празничните подготовки.

По стар обичај, првите јајца се бојадисуваат во црвено – за здравје, среќа и бериќет во домот. Со тивка молитва и добра мисла, велат, така се дочекува најголемиот христијански празник.

Првото јајце е за Бога, второто за куќата, а третото за како што велат штипјанки за бањање, Традицијата се чува, а подготовките за Велигден веќе се во полн ек.

Повозрасните штипјанки велат, јајцата се чуваат до следната година, а оние од изминатата се закопуваат во бавча или нанива, за да има берикет и благослов.

Инаку светата православна црква за денешниот ден предвидела света василева литургија, на која се споменува за миењето на нозете на христос на апостолите и за востанувањето на светата тајна ефхаристија. На овој ден се служи и маслосвет, кој се прави еднаш во годините во црквите или по потреба за болни луѓе. Важно е оние кои што ќе отидат да понесат масло за да им се освети и да си го вратат дома осветено, за нивните духовни потреби. Вечерва се служи и бдение со читање на 12 те страдални евангелија на Христа, на кој се гледа како Јуда го предава Христа, а потоа истиот е мачен и распнат за нашето спасение. Се изнесува и светото распетие на истата богослужба, со што верниците можат да се поклонат на чесниот Христов крст.

Иван Митев, М-Нет