Во сообраќајна незгода кај Криви Дол едно лице со тешки телесни повреди

На автопатот Штип-Скопје, во близина на Криви Дол, автомобил излетал од коловозот.

Од ексклузивните снимки со кои располага Мнет може да се забележи дека една личност е со тешки телесни повреди, а двајца со полесни.

На тешко повредениот на лице место му се укажува итна помош од страна на медицински персонал.

Поради незгодната локација, при вадењето на автомобилот учествуваат и припадници на Противпожарната единица од Свети Николе.

БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет.мк

Снимател ГОРАН ХРИСТОВСКИ

Монтажа ДАРКО ДОНЕВ