
На автопатот Штип-Скопје, во близина на Криви Дол, автомобил излетал од коловозот.
Од ексклузивните снимки со кои располага Мнет може да се забележи дека една личност е со тешки телесни повреди, а двајца со полесни.

На тешко повредениот на лице место му се укажува итна помош од страна на медицински персонал.

Поради незгодната локација, при вадењето на автомобилот учествуваат и припадници на Противпожарната единица од Свети Николе.
БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет.мк
Снимател ГОРАН ХРИСТОВСКИ
Монтажа ДАРКО ДОНЕВ