
Ќе има ли доволно ајварски пипер за зимница оваа година? Цената прилагодлива за џебот на граѓаните, ниска за произведувачите на пипер, ама она што загрижува е фактот дека пипер има се помалку и со многу слаб квалитет. Високите дневни температури го „спржија“ пиперот уште на нивите велат земјоделците, па она што се пордава и нуди моментално е пипер кој бил под фолија. Уште еден или два пазари и пипер нема да има за продажба.
„Производство нема, цената е 50 денари, иначе пипер нема оваа година. Криза ќе биде за пипер, оти многу е жешко и тоа што го има не е квалитетно. “ – велат произведувачите на пипер.
Граѓаните се со поделен став кога е во прашање подготовката на зиминца. Дел од анкетираните штипјани велат дека зимница ќе се прави, друг дел нема да подготвуваат од различни причини. Но, сите согласни дека ако се има поголемо семејство и деца за проба мора да се направи некоја тегла ајвар.
„Ќе правеме зимница, што е скапо, една кутија цигари се 150 денари, ајварскиот пипер е 60 денари за килограм, не е скапо“ – велат граѓаните.
Минатата година зимницата беше луксуз, особено подготовката на ајвар. Цената на пиперот беше висока од самиот почеток, а во текот на сезоната се нудеше од 30 до 50 денари за килограм. Годинава цената не е проблем, туку високите температиру кои го уништија и квантитетот и квалитетот на црвениот ајварски пипер.
Лаура Стојанова М-Нет