Шкендија поради финансиски проблеми се откажа од натпреварување во Првата женска фудбалска лига

Во новата сезона во Првата женска фудбалска лига наместо десет екипи ќе се натпреваруваат девет, откако Шкендија од Тетово се откажа од натпреварување поради финансиски проблеми.

Тоа ќе значи дека во новата сезона во секое коло по една екипа ќе биде слободна, па така во Првото коло екипата на Топ Гол од Битола ќе биде слободна.

Спортските клубови во Македонија се соочуваат со финансиски проблеми, поголем дел од нив се потпираат на поддршка од општините или на ваучер системот, а тоа доведува до жал за гаснење на многу екипи.

Изминатата сезона Шкендија одигра одлична пролетна полусезона и заврши на шестото место на табелата во Првата лига со 28 освоени бодови.

Во новата сезона Љуботен ќе ја брани титулата, Атлетико од Битола е повратник во елитата, а пак битолски Топ Гол преку бараж се избори за опстанок во Првата лига.

Александар Ванев, М-Нет