Арачиново слави титула, Шкендија Арачиново официјално е шампион во Трета лига Север!

Шкендија Арачиново официјално е шампион во Трета лига Север после денешната победа над Фортуна со 2:0. И двата гола беа постигнати од страна на Дарио Десниќ. Одличната сезона денеска беше крунисана со титула. Играчите и граѓаните на Арачиново вечерва ја прославуваат титулата. Идниот период екипата ќе се подготвува за баражот за посакуваниот влез во Втората македонска фудбалска лига.