Радовиш ќе биде домаќин на финалето на Купот на Македонија во футсал

фото: ФФМ

Радовиш ќе биде домаќин на финалето на Купот на Македонија во футсал што ќе се одигра во сабота, 27. април, со почеток од 19:00 часот во спортската сала „25 Мај“.

Во финалето ќе се соочат КМФ Форца 2015 од Куманово и КМФ Осогово 2022 од Крива Паланка.

Фудбалската федерација на Македонија ги поканува сите љубители на футсалот да бидат дел натпреварот, да ги поддржат своите тимови и заедно да се создаде атмосфера достојна за финален меч.