
Интезивно изминатите денови се работи во централното градско подрачје во Штип. Екипи од ЈП “Исар“ се на терен, се работи на чистење и уредување на коритото на река Отиња, кое зимскиот период беше наталожено со земјени наноси. Истовремено, се работи на уредување на дел од булеварот Партизанска.
„Во зимскиот период коритото на река Отиња беше наталожено од земјени нанаоси, интезивно во овој период работиме на чистење и уредување на коритото. Паралелно со тоа на булеварот Партизанска ќе бида посадени нови содржини. Сите други единици тековно секојдневно согласно програмата за работа си ги извршуваат своите работни задачи“ – вели Арсовски.
Полни раце работа има за речиси сите единици при ЈП Исар. Паркови и зеленило работат на косење на тревата која овој период од годината е најзастапена. Екипите на Водовод и канализација извршуваат тековни активности за промена на водоводна и канализациона мрежа на повеќе улици во Штип, кои поматаму се асфалтираат и уредуваат од страна на општината.
„Периодот кој е пред нас носи дополнителен работен ангажман на работната единица Паркови и зеленило поради тоа што временските услови се погодни за поголема вегетација. Работната единица Водовод и канализација ја заврши целата улици „Пиринска“, во должина од 450 метри. Следна улица која ќе ја работиме е улицата „Првомајска“, а потоа и останатите улици.“ – додава Арсовски.
Како што посочи директорот, се интервенира и на проблеми и дефекти кои ги пријавуваат граѓаните во кол центарот и на тој начин се решаваат сите проблеми навремено и соодветно.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет