Oдбојка Прва лига : Победа на машката, а пораз на женската штипска екипа

Во изминатиот викенд се одиграа натпреварите од последното есенско коло во рамките на Супер Одбојкарската лига за мажи. Во Штип екипата на Штип УГД со максимален резултат од 3:0 во сетови ја победи екипата на Јанта Волеј од Скопје. Со ова штипската машка екипа ќе се бори за пласман од 5 до 10 метсо на табелата.

Женската екипа на УГД Студент гостуваше во Скопје и од Јанта Волеј загуби со резултат 3:0 во сетови. До крајот на есенскиот дел останува да се одигра уште едно коло во кое екипата на УГД Студент ќе се сретне со тимот на Виктори Волеј. Без разлика на резултатот од овој меч, штипската женска екипа ќе се бори за пласман од 7 до 14 место.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk