Наумов со повик до бранителите од 2001 година, на 13 декември да го остварат своето демократско право на глас

Кандидатот за градоначалник на Општина Штип, Лазар Наумов, им се обрати на бранителите од 2001година, кои денеска никој не ги спомнува, да излезат на 13 декември и да го остварат своето демократско право на глас.
„Јас Лазар Наумов, кандидат за градоначалник на Штип, од ТМРО, Ви се обраќам на вас бранителите од татковинската војна од 2001 година, на вас на кој денес никој не мисли и не ве спомнува, на вас кои ги жртвувавте вашите животи за македонската држава што ја предадоа предавниците, и пред се на вашите 87 загинати другари во 2001, да излезете на 13 декември и да го дадете својот глас за број 7, за Лазар Наумов.“ – стоеше во неговата изјава.
Предизборната кампања завршува на 10 декември на полноќ, и потоа започнува тридневниот изборен молк. Во петок ќе гласаат лицата позитивни на Ковид – 19 и оние во изолација, во сабота на 12 декември болните и изнемоштени лица како и затворениците, а на 13 декември сите останати граѓани на Општина Штип.

Лаура Стојанова М-Нет