
На чекор сме пред зимата, а ниските температури и замрзнатите коловози и автопатишта веќе почнаа да се појавуваат. Од 15 ноември започна зимското одржување на патиштата во Општина Штип, од страна на ЈП „Стипион“ – Штип.
„Располагаме со доволно абразивен материјал, некаде околу 100 тони песок и околу 80 метри кубни ризла. Овие количини се доволни за некоја просечна зима, меѓутоа ако се создадат услови за повеќе абразивен материјал тогаш истите ќе можеме да ги набавиме. Доколку има поголеми количини на снег, опесочувањето со абразивен материјал е поголемо, додека доколку нема е помало.“ – изјави Протогеров.
Абразивниот материјал се користи за делување на замрзнатите коловози, а количината колку ќе биде исфрлено зависи од временските услови. На располагање има две соларки и трактор на кој е прикачен ѓубре растурач со кој се расфрла дел од абразивниот материјал и два скипа. Работата најчесто се одвива преку дежурства од страна на екипа од ЈП „Стипион“ – Штип, но се работи и на повик од граѓаните и сообраќајната полиција и се интервенира. Овде се и стандардните препораки за сите учесници во сообраќајот, да се прилагодат возилата со зимска опрема, гуми и ланци, прилагодена брзини и секако да се следат условите кои ги нудат патиштата.
Лаура Стојанова М-Нет