Oштетените учебници во училиштата ќе се заменуваат со нови, МОН со подршка до учениците

Нови скандали со учебниците во училиштата – оштетени, валкани и недостојни за употреба. Родителите револтирани, а учениците добиваат книги, од кои едвај се чита. Министерката за образование и наука. Весна Јаневска најавува – оштетените учебници ќе се заменуваат. Таа вели дека училиштата се должни по закон да формираат комисија, која ќе ги прегледа учебниците што се враќаат на крајот од секоја учебна година.

,,Деновиве примам многу поплаќи од родители проследени со слиќи, кои велат дека училиштата им даваат употребени, но и оштетени учебници, од кои одреден обем на учебници со пообемно оштетување. Сакам да потсетам и информирам и родителите и наставниците и учениците, дека ќе има законска обврска со која оштетеите учебници треба да се заменат. Секое училиште според закон треба да формира комисија, која ќе ги провери учебниците, кои учениците од претходната година ги враќаат, а треба да продолжат да со употреба на следната година, односно да бидат дадени на некој друг ученик. Оштетените учебници таа комисија под надзор на директорот на училиште треба да ги издвои на страна и при тоа од МОН да побара тие учебници да бидат обновени. Да се обратат до педагошката служба.“, рече Јаневска

За жал и во изминатите години овој проблем останал не решен. Како што рече министерката Јаневска во минатото не се работело на случајот. Таа сепак јавно нагласи дека министерство има издвоено средства за сите оштетени учебници да бидат заменети, се со цел учениците да не бидат демотивирани.

Инаку, Јаневска најави оваа година да има исто така и учебници за странски јазици од прво до деветто одделение. Нови учебници по нова програма министерката најави за седмо одделение, како и за први клас гимназиско, а процедурите се при крај. Од први септември се очекува училиштата да бидат спремни.

Иван Митев, М-Нет