Драстично намалена цената на краставицата на пазарот во Пробиштип, продавачите задоволни

Драстично намалена цената на краставицата на пазарот во Пробиштип, ама не и на црешата и кајсијата. Продавачите велат дека денешниот пазарен ден е задоволителен, бидејќи од утринава имало добра побарувачка и раздвиженост. Додаваат дека освен цената на краставицата, по пониска цена се продаваше и пиперот за прижење.

„Не којзнае колку ама треба дабидеме задоволни. Сега е баш време кога тоа што е насадено веќе е готово и има повеќе понуда. Цените за разлика од претходниот пазар се намалени. Намалени се цените на краставицата и пиперот.“ – велат продавачите.

Зеленчукот беше со цени достапни и за џебот на граѓаните, а сезонското овошје држеше цена и денеска. Купувачите велат купува секој согласно своите примања.

Освен овошје и зеленчук кои беа најбарани на пазарот во Пробиштип, се пордаваа и домашни јајца, чаеви, ракија, како и текстил.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет