
Oд 500 до 10. 000 евра се глобите за непочитување на одлуките за основните прехрамбени производи. Од државниот пазарен иснпекторат соопштуваат дека инспекторите се веќе на терен и извршуваат контрола за тоа дали се почитува самата одлука. Она што особено информираат е доколку граѓаните забележат дека има неправилности на пријават на бројот 191 или на веб страницата на ДПИ. Трговците имаа обврска производите кои се опфатени со одлуките да ги обележат со натписот „Помалку трошоци, повеќе за тебе”.
Согласно Одлуката за ограничување на бруто профитната маржа, се ограничува маржата на 102 групи на производи или над 1000 перехранбени и непрехранбени производи и тоа со 5 проценти бруто профитна маржа ќе бидат млекото, лебот, брашното тип 400 и тип 500, јајцата, маслото за јадење, јогуртот и киселото млеко, а со 10 проценти бруто профитна маржа месото и преработките од месо, шеќерот, млечните производи, маргаринот, путерот, конзервираниот зеленчук и овошје, гравот, оризот и тестенините. Со 15 проценти бруто маржа се ограничуваат 39 прехранбени производи и средства за хигена (свежо овошје и зеленчук, детергенти, бебешка храна, пелени, сапун, тоалетна хартија и друго)
Согласно Одлуката за утврдување на највисоките цени за одделни производи во трговија на големо и трговија на мало, утврдени се највисоки цени на осум групи основни прехранбени производи производи (млеко, леб, брашно,тип 400 и тип 500, јајца, масло за јадење, јогурт и кисело млеко) при што како највисока цена се утврдени цените што се применувале на 1 февруари годинава.
Иван Митев, М-Нет