Едукативна работилница по повод 21 февруари меѓународниот ден на мајчиниот јазик, денес организираше УГД Штип

Утрешниот меѓународен ден посветен на мајчиниот јазик, денес беше повод за создадена работилница наменета за младите на катерата за македонски јазик и книжевност, при УГД Штип. Вкупно 25 години, мајчиниот јазик е прогласен за меѓународен, од далечната 1999 година вели професорот на катедрата за македонски јазик и книжевност Ана Витанова- Рингачева и додава дека по тој повод делегацијата на ЕУ во Македонијха организираат работилница со цел да се доближи основната идеја до младите која гласи поврзување со другите култури.

“Денес имаме и организираме едукативна работилница наменета за младите, односно за средношколците, секако и за студентите. Поводот за организирањето на ваква една едукативна јазична работилница е секако утрешниот ден 21 февруари, кој што во светот се прославува како меѓународен ден на мајчиниот јазик и оваа година се навршуваат 25 години од сега веќе далечната 1999 година, кога 21 февруари од УНЕСКО е прогласен за меѓународен ден на мајчиниот јазик. По тој повид делегацијата на европскатау унија во Македонија организираат работилница со цел да им се доближи на младите идејата дека благодарение на јазиците, правиме поврзување со другите култури, кои што ни се далечни навидум.“, вечо Витанова-Рингачева

Кога станува збор за странските јазици, сите сме свесни дека технологијата ни наметна потреба за странски јазици, вели доц д-р Драгана Кузмановска, па додава дека познавањето на странските јазици е неопходна алатака со која што можеме да просперираме и како индивидуи, но и како професионалци.

Она што е важно според проф. Сузана Мицева е дека македонската книжевност е мала книжевност, која што би била осудена на изолација, доколку не постојат преведувачите.

Дополнително велат професорите на денешниот настан е тоа дека само младите ќе бидат и понатаму промоторот на македонскиот јазик и уметност, а тоа е потрврда дека сме рамо до рамо до европските книжевности.

Иван Митев М-Нет