Величков ќе им суди на Скопје и Осогово, Ристов главен во Велес

ФОТО: Телевизија М Нет

Познати судиите кои ќе бидат задолжени да ја делат правдата овој викенд во рамки на 17. коло од Втората лига.

Пларент Салихи ќе им суди на Беласица и Вардар Неготино, Дејан Младеновски на Арсими и Охрид, Сашко Ристов го доби мечот меѓу Борец и Победа.

Никола Костенчев ќе биде главен судија во Штип на натпреварот меѓу Брегалница и Новаци, Кирил Смоквоски патува во Радовиш каде ќе им суди на Детонит Плачковица и Каменица Саса, Марјан Стојановски ќе им суди на Кожуф и Вардарски, а пак Боби Величков ќе им суди на Скопје и Осогово.

Натпреварите започнуваат во 14 часот.

Александар Ванев, М-Нет