Дезинфекција на возилата на три пункта во Општина Штип

Општина Штип работи на изградба на три пункта на сите три влеза во градот со поставување на времен режим на движење за дезинфекција на сите возила кои влегуваат во Штип. Се работи за влезот од Скопје кон Штип (Републичката полиција) , влез Струмица- Штип (училиштето Искра ), влез Кочани -Штип (,,Македонка ‘’) каде што задолжително секое возило треба да помине низ овие дезифнекциони пунктови.

Општина Штип упатува благодарност за покажаната општествена одговорност на градежните компании ,,Бау Инженеринг’’,, Пелагонија Инженеринг’’ и ,,Коле Транс Инженеринг’’