
Брегалница в сабота ќе гостува во Кочани кај Осогово, каде со триумф на „сините“ ќе може да започне славјето за шампионската титула на 23 мај, кога Брегалница против Победа на домашен терен ќе ја затвори сезоната.
Натпреварот од Кочани меѓу Осогово и Брегалница ќе можете да го следите во живо на М Нет телевизија, сабота од 16:30 часот.
На првото соочување во Штип „жетварите“ со 0:1 беа подобри од „сините“, но сега околностите се поинакви, а Брегалница како фаворит ќе гостува во Кочани.
Ова ќе биде дерби на Истокот, а домашните навивачи односно верните „Сејмени“ се организираа за овој меч да даваат силна поддршка за својот Осогово, а сигурно е дека и Брегалница ќе има поддршката од своите верните навивачи.
Следете го натпреварот меѓу Осогово и Брегалница во ЖИВО од Кочани на М Нет телевизија од 16:30 часот.
Александар Ванев, М-Нет