Треба ли и другите училишта во Штип да забранат внесување грицки, сокови и мобилни телефони?

Граѓаните на Штип го поддржуваат примерот на ООУ „Димитар Влахов“, каде што во училиштето не се дозволува внесување чипсови, грицки, сокови и мобилни телефони. Велат дека ваквите правила се чекор во вистинска насока за создавање поздрави навики и подобра училишна средина за децата. Наместо нездрава храна и време поминато на телефон, сметаат дека учениците треба да избираат поздрави оброци, повеќе дружење и поголема концентрација на наставата.

Граѓаните сметаат дека родителите треба да продолжат да им подготвуваат или купуваат здрава храна на децата. Велат дека правилната исхрана од најрана возраст е важна за спречување на дебелеењето и создавање здрави навики.

Одлуката на ова училиште го отвора прашањето дали и останатите училишта треба да го следат истиот пример, со цел да се поттикнат поздрави навики кај децата.

Иван Митев, М-Нет