
Екипата на Атлетик е шампион во Првата женска ракометна лига, откако тимот без проблем стигна до шампинскиот пехар, кој веќе и го доби од страна на Ракометната федерација на Македонија.
Од следната сезона екипата на Атлетик ќе настапува во ракометната елита на Македонија во женска конкунреција.
Од РФМ им честитаа на ракометарките на Атлетик за овој голем успех, бидејќи скопскиот тим доминираше во прволигашкото друштво каде забележа само еден пораз, а се останато беше победи на контото на тимот на Атлетик.
Александар Ванев, М-Нет