Вкупно 69 години постоење одбележа СОУ „Јане Сандански“ во безистенот во Штип, средношколците со пригодна и богата програма

Речиси седум децении постоење денеска одбележа средното медицинско училиште „Јане Сандански“ во Штип. Вкупно 69 години, училиштето пренесува знаења, вештини и вредности на генерации ученици. Со бројни спортски и рекреативни активности, како и ликовна изложба, одбележувањето започна уште вчера, а кулминираше централната свеченост денеска во штипскиот безистен. Учениците се претставија со пригодна и богата програма.

Преку ликовната изложба, рециталите, народните песни и познатите напеви од Тоше Проески, учениците ја раскажаа вистинската приказна за училиштето, истакна директорката Марија Николиќ, додавајки дека следната година подготвуваат уште поголемо одбележување, бидејќи одбележуваат јубилеј 70 години од постоењето.

Како што посочи директорката Марија Николиќ, мисијата на училиштето останува непроменета – да создава квалитетни ученици, кои утре ќе прераснат во врвни студенти и посветени здравствени работници во нашето општество. Таа нагласи дека токму вложувањето во знаење, хуманост и професионалност е темелот врз кој „Јане Сандански“ ја гради својата иднина.

Иван Митев, М-Нет