
Без кров на глава, без храна, без облека и правда, станува познатиот штипјанец Мики Трајчевски, покрај реката Брегалница во Штип. Непонзати лица, за кои тој претпоставува дека се од Радовиш, дошле, го снимале од подалечна локацијa, а потоа, без никакво решение и без да му дадат временски рок, дошле со багери и булдожери и му го срамниле со земја неговиот скромен дом, кој тој го нарекува колиба. Вели дека е целосно свесен за сe околу себе и дека има „интелект за пет факултети“, но дециден е дека неправдата му е нанесена на подмолен начин.
,,Дојдеа и ми ја уништија мојата куќа, мојата колиба, мојот дом за кој немаа никаква согласност, ниту решение од надлежните министерства, ниту од владата, значи без писмена изјава и налог. Јас сум свесен за се околу себе, имам интелекти за пет факултети. Дојдоа на подмолен начин, неочекувано. Имаше едни луѓе кои што снимаа од горе од радовиш ли од каде беа непознати и они без да ми дадат временски рок, нели како што е законот предивдел согласно кодексот, они дојдоа со багери, блудужери и уништија се.“, вели Трајчевски
Иако нема ништо, Трајчевски вели дека под никакви услови нема да го напушти местото, бидејќи, како што нагласува, е силно поврзан со него.
,,Сега останав без дом и немам каде да одам и од стилот на Тарзан јас сега тука се движам, али под никоја цена нема да го напуштам јас ова место. По природа сум фатен и нема да се откажам од замислената цел. Што се однесува до нив јас ќе и поднесам лично кривични пријави, испатив веќе барања до врховен суд на Македонија.“, кажа Трајчевски
Како што посочи Мики Трајчевски тој ги почитува и ќе ги почитува законите на државата, но како што вели ќе поведи постапка за заштитата на неговите граѓански права. Категоричен остана дека нема да го напушти местото, бидејќи како што вели е емоционално поврзан со ова место. За крај кажа дека очекува хуманитарна организација како храна и облека, бидејќи како што вели нема ништо.
Иван Митев, М-Нет