
На градскиот плоштад во Штип, денеска се одбележа Европската недела на имунизацијата, при што лекарите излегоа меѓу граѓаните за директно да ја подигнат свеста за значењето на вакцинацијата. Тие порачаа дека вакцините се најсилната заштита од опасни заразни болести и не се важни само за децата, туку за сите генерации. Предупредуваат дека со намален опфат лесно може да се вратат болести кои одамна се ставени под контрола. Во Штип, над 90 проценти од децата се вакцинирани, што се оценува како висок опфат. Расте интересот и за ХПВ вакцината, која веќе ја примаат и момчиња и девојчиња.
,,Денеска ја одржуваме европската недела на имунизацијата.Го одбравме градскиот плоштад во Штип, бидејќуи да бидеме поблиску до граѓаните. Да ги запознаеме за придобивките од вакцинацијата, да поделиме еве рекламен материјал-флаери. Знаете вакцините најчесто се асоцираат со најмладата возраст, но модата како што кажав е дека вакцините делуваат на секоја генерација, така што се опфатени и повозрасните генерации, како средношколската возраст, возрасната популација и сакам да изразам огромна благодарност до институциите кои што помогнаа да го организираме денешниот овој настан.“, вели Андов
Имунизацијата е клучна бидејќи штити од сериозни и опасни заразни болести, а воедно ги намалува и трошоците во здравствениот систем, велат педијатрите. Во Штип, опфатот со вакцинација кај децата надминува 90 проценти, а расте интересот и за ХПВ вакцината, која од минатата година се дава и кај момчиња и кај девојчиња.
,,Самата имунизација е важна заради тоа што спречува смртоносни болести, како диферија-тетанус, високо котегиозни болести, како морбили престузис, штеди во здравствениот систем, ги намалува трошоците. Значи за минатата 2025 во центраот за јавно здравје во здравстевниот дом Штип имаме над 90 проценти, висок процент на вакцинирани деца. Има одзив и за ХПВ вакцината, со тоа што од 2024 мај ги вакцинираме двата пола.“, кажа Рунтева
Здравствените работници апелираат граѓаните да не ја занемаруваат имунизацијата и редовно да го следат календарот за вакцинација. Потсетуваат дека колективниот имунитет е клучен за заштита на најранливите категории
Иван Митев, М-Нет