
Доделени клучевите од типските куќи на 41 семејство од ризична категорија граѓани. Истите се сместуваат на локација кај Мирјанина црква, а претходните локации како старото нервно одделение и просторот во црнтралното градско подрачје ќе бидат исчистени и соодветно уредени.
„Од денес започна доделувањето на истите овие типски објекти на семејствата кои беа времено сместени кај некогашното нервно одделение. Овие три локации ќе бидат исчистени. Очекувам во наредните денови да започне рушењето на некогашните објекти во кои времено биле сместени граѓаните“ – вели Јорданов.
Во меѓувреме во завршна фаза се и активностите на булеварот Партизанска, со што ќе се уреди овој дел од градот.
„Се работи последната фаза на сообраќајно бележење, поставување на канделабри и со тоа ќе бидат завршени сите активности. Верувам дека тој потег ќе биде едно ново лице на нашиот град.
Овој проект е финансиран од страна на Општина Штип и Европската Унија со што се овозможува 41 семејстввво да добијат соодветен кров над глава, а дополнително да се уредат атрактивни места во градот со рушење на стари објекти.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет