Автомобил горел на паркинг во Штип, пожарот изгаснат, повредени нема

На 17.11.2025 во 01:30 часот вo СВР Штип е пријавено дека на паркинг простор на ул.„5 Конгрес“ во Штип настанал пожар во патничко возило „фоксваген туран“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на Р.Ј.(53) од Штип. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.