Околу 20 лица се уапсени за предизвикување пожар во изминатиот период, МВР во акција

Oколу 20 лица се уапсени за предизвикување пожар во изминатиот период, истакна денес министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во својата изјава. Тој останува со мнението дека дел од пожарите се подметнати, бидејќи како што рече тие како министерство за тоа имаа дирекни докази. Дециден е тој дека граѓаните можат да забележат дека државата е многу повеќе активна од претходно, бидејќи се превземаат дејствија.

,,До сега имаме лишено некаде околу 20 сетина лица. Дел од тие беа во куќен притвор, дел во ефективен притвор, дел пуштени на слобода затоа што беа малолетници. Државата оваа година покажува дека можело многу по инаку да се даде одговор на сите овие предизвици поврзани со пожарите, отколку претходно. И покрај тоа што ова лето е нај жешкото, од аспект за сувост, споредбено со било кое претходно лето. Видливо е на терен на сили кои што ги имаме, од аспект на механизација, од дејствија кои што превзема владата. Државата е каде каде по активна, превземаме дејствија.“ рече Тошковски

Министерот Тошковски рече дека министерството и те како се бори со пироманите, а со засилена работа ќе продолжат и понатаму.

Инаку, министерот Тошовски потенцираше дека целта на министерстовото е да пожае дека државата навистина функционира, како и тоа дека институциите за разлика од порано си ја вршат својата работа, а со тоа како што вели тој Македонија ќе биде многу близу со Европа.

Иван Митев, М-Нет