
Претседателот на Федерацијата за традиционално борење, Бакија Хамид, заедно со потпретседателот на федерацијата, Аце Крстев учествуваат на Научниот симпозиум за традиционални спортови во Реус, Шпанија, кој се одржа на 11 јули.
На овој настан со мнозинство гласови од делегатите беше избран Пере Лавега за претседател на Европската асоцијација за традиционални спортови и игри.
„На 11 и 12 јули, во Реус, Шпанија се одржа Научен симпозиум за традиционалните спортови и игри. Јас во својство на претседател на Федерацијата за традиционално борење и како делегат на Генералното собрание на Европската асоцијација, заедно со потпретседателот на федерацијата, Аце Крстев, бевте дел од овој настан и со мнозинство гласови од делегатите, д-р професор Пере Лавега беше избран за претседател на Европската асоцијација за традиционални спортови и игри. Му посакуваме среќа во неговата работа“, изјави за М Нет телевизија, претседателот Хамид.
Федерацијата за пеливанско борење на Македонија е полноправна членка на Европската асоцијација за традиционално борење и членка на Светската Етноспорт федерација и по тој повод претседателот Хамид и потпретседателот Крстев беа на одржаното генерално собрание на Европската асоцијација за традиционално борење во Реус, Шпанија.
Како што вели претседателот Хамид за М Нет телевизија, пеливанската федерација на Македонија ја реализира својата годишна програма и како главен настан за оваа година ќе биде Европскиот Куп во пеливанско борење кој ќе се одржи од 12 до 14 септември годинава во скопско Студеничани, а во иднина ќе планира и во Штип да се одржи ваков меѓународен спортски настан.
Колку за потсетување минатата 2024 година пеливанската федерација на Македонија учествуваше на Олимписките традиционални игри кои се одржаа во Астана, Казахстан.
Александар Ванев, М-Нет