
Со новото раководство на Кошаркарската федерација на Македонија започнаа и промени со цел подобрување и подигање на квалитетот на македонската кошарка.
Промени има во машката кошарка за што веќе информиравме, а промени ќе има и во женската кошарка.
Во женска конкуренција ќе има Прва и Втора лига. Во првата лига во сезона 2025/2026 ќе се натпреваруваат осум екипи, а толку ќе бидат и во сезона 2026/2027.
Право на настап ќе имаат три странски играчи, максимум два истовремено на терен во регуларниот дел, а без ограничување во плеј-офот.
Во Втората лига ќе бидат пет екипи според пласманот од сезона 2024/2025 и секоја новопријавена екипа.
Сите клубови без исклучок, стари и нови, должни се да достават писмена пријава за учество за сезоната 2025/2026.
Бранител на шампионската титула е екипата на Баскет Кам од Македонска Каменица.
Како што е познато во машката кошарка Првата лига ќе се вика Суперлига и во сезона 2025/2026 ќе брои 12 екипи, а од сезона 2026/2027 ќе се скрати на 10 екипи, додека пак поранешната Втора лига ќе се вика Прва лига, а пак поранешната Трета лига ќе биде аматерска лига.
Александар Ванев, М-Нет