
Женскиот ракометен клуб Овче Поле СУ од Свети Николе работи на ростерот за новата сезона 2025/2026 во женската лига.
Клубот ја продолжи соработката со Анастасија Сентовска, која на полусезона се врати во Свети Николе, а сега ја продолжи соработката за уште две сезони.
Сентовска е поранешна кадетска репрезентативка и ќе биде клучна за тимот од Свети Николе, која парафираше двегодишен договор и останува во Овче Поле СУ најмалку 2027 година.
Екипата на Овче Поле СУ претходно се засили со голманката Дона Марковска од Охрид, а клубот ги врати и Елена Вучевска и Наталија Манева од штипски Астибо. На тренерското столче останува Илија Бутевски, кој ќе ја води екипата од Свети Николе.
Женскиот ракометен клуб Куманово работи на ростерот за новата сезона, со што тимот предводен од Славиша Димитријески го задржа левото крило Мила Мемов, која останува верна на клубот и во следната сезона.
Екипата на Куманово остана без две ракометарки, откако Ана Мухајловска го земани дресот со тој на Вардар, а пак Марија Јовановска е нова ракометарка на шампионот Ѓорче Петров.
Куманово ја продолжи соработката со Росана Павлова, Ангела Шехтанска, Нена Нестороска и Никита Антевска, а клубот ги промовираше Маријана Азеведо која игра како среден бек и Аманда Стеин која игра како десен бек.
Александар Ванев, М-Нет