
Кражба на Градскиот стадион во Пехчево, со употребна на физичка сила и погоден алат одземени повеќе предмети.
На 07.06.2025 во 15.38 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека во периодот од 19.00 часот на 06.06.2025 до 08.15 часот на 07.06.2025 од соблекувалната на Градскиот стадион во Пехчево, со употреба на физичка сила и погоден алат биле одземени повеќе предмети. Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Александар Ванев, М-Нет