
Чичко Блажо од село Драгоево , штипско, на штипскиот пазар продава домашна зелка по цена од 50 денари по килограм. Чичко Блажа раскажа дека има нива во село Стар Караорман, штипско и таму некаде месец мај почнува со садењето зелки, кои ги вади со ладна вода. Од неодамна веќе созреаните зелки, почнал да ги собира и да ги продава. Низ смеа вели дека се веже распродадено, поради голема побарувачка.
Чичко Блажо вели дека неговите зелки се бели и меки, погодни за манџа или салата, но тој ја истакнува и грижата што еден човек треба да ја има кон посеаното семе, најпрво се сади, се плеви, се копа околу почвата, се прска против штетници, редовно се одржува и се вади, па дури кога ќе стаса, веќе зелката е спремна за продажба или за на трпеза.
Чичко Блажо раскажува дека селото Стар Караорман е едно од најпогодните штипски села за развивање на земјоделски култури, додава дека близината со реката е најповолниот услов за садење овошје и зеленчук. Според него, таму човек никогаш не би останал гладен. Единствено нешто што би можело да излезе од контрола при планот за садење е малата колична дожд.
Кај тезгата на Чичко Блажо покрај зелка, има и домашни домати, пиперки, дињи и лубеници и праз.
Ева Тушевска, М-Нет