
Македонскиот шампион Шкендија за новата сезона го претстави поранешниот младински репрезентативец Имран Фетаи каок ново засилување, со кое се засилува првата зона, а Фетаи со тимот од Тетово стави потпис на договор во должина од три години.
22-годишниот фудбалер е повратник во Тетово, има настапувано и за Гостивар, Беса од Добри Дол и Тиквеш, а во странство беше дел од У-19 тимот на Аполонија од Албанија.
Тој игра на централна дефанзивна позиција и ќе претставува големо засилување за шампионот од Тетово.
Шкендија објави дека се разделува со искусниот дефанзивец Стефан Коцев, па така штипјанецот е слободен и кариерата ќе ја продолжи во нова средина.
Коцев за Шкендија одигра 13 натпревари во неговиот двегодишен престој во Тетово, постигна еден гол во Купот и запиша две асистенции.
На домашната сцена покрај за Шкендија има настапувано и за Брегалница и Силекс, а во странство има настапувано во Казахстан, Грција и Косово.
Александар Ванев, М-Нет