
Празникот кој што ги штити луѓето од од нечистивиот, самовилите и магиите, познатиот Св. Василиј, денес беше одбележан во сите цркви и манастири. Со големи молитви и чиста душа, граѓаните уште изутрина ги упатија молитвите кон овој светец, со цел тој ги услиши и го моли Бога за нашето здравје и спасение. Св. Василиј тие го нарекоа како чудотворец, бидејќи како што велат тој помагал и материјално и духовно дури бил на земјата, а сега целосно и од небесата.
Потребно е младите да си ја почитуваат верата, сопружникот, семјеството, децата, родителите и да го молат Бога за спасение, велат верниците, бидејќи животот овде е сепак краток, но царството Божјо вечно.
Инаку, празникот менува ден, но никогаш дата и секогаш се празнува на 14 јануари. Св. Василиј е познат по својата дарежливост, хуманост и добрина и оној кој претрпува страшни маки дури стигнува до царството небесно.
Лаура Стојанова, М-Нет