Привршува мерката за намалување на цените на производите од новогодишната кошничка, има ли заштеда?

Оган скапи се цените, наместо намалени. Иако од утре завршува мерката за намалување на цените на производите кои спаѓаат во новгодишнат акошничка, сепак граѓаните велат дека на дело немало ништо. Наместо намалени цени, тие затекле само високи до плафон, па едногласно истакнаа дека премиерот не е крив, туку трговците, кои од ракав си ги ставаат цените и за нив треба казни.

Имаше и такви кои велат дека тие не пазаруваат, па заклучно целата ситуација не знаеа дали има разлика во цените од претходно и сега.

Во согласнот со ситуацијата новогодишната кошничка важеше од 15 декември и истата завршува на 15 јануари. Во овој период имаше остри реакции од ДПИ, кои постојано велеа да се спроведува мерката на дело, па заклучно ситуацијата во државата имаше и казни.

Лаура Стојанова, М-Нет