
Големиот интерес за женски фудбал во Куманово е причината што беше формират женскиот фудбалски клуб Башкими. Основачот на клубот Арменд Дестани во разговорот со телевизија М Нет вели дека во првата сезона клубот ќе настапи во младинската лига со цел да се стекне искуство и во иднина клубот да пријави учество во сениорска конкуренција односно во Втората женска фудбалска лига.
Клубот има долгорочна стратегија, ќе се работи чекор по чекор, за неколку сезони клубот да се пласира и во Првата женска фудбалска лига, а потоа да се бори и за титула и излез во Европа.
Дел од натпреварите ЖФК Башкими ќе ги одигра на теренот на Башкими, а дел на Градскиот стадион во Куманово.
Клубот има регистрирано 35 фудбалерки, но Дестани очекува тој број да се зголеми кога ќе започнат натпреварите.
Интересот за женскиот фудбал во Македонија се зголемува, формирањето на Втората лига буди повеќе интерес за формирање на повеќе екипи, кои преку Втората лига ќе атакуваат на влез во Прва лига.
Александар Ванев, М-Нет