Разнишаната Брера гостува кај шампионот Струга, Пелистер патува во Тетово, дуел за три бодови во Кратово!

Утре на програмата ќе бидат натпреварите од четвртата рунда на македонската фудбалска лига, а истата носи неколку интересни пресметки.

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар на домашен терен ќе се соочи со Воска Спорт, натпревар на две екипи кои во минатото водеа тешки борби на фудбалските терени за трите бодови. На оваа нивно соочување Вардар ќе биде фаворит, домашниот терен, публиката, верните „комити“ и играчкиот кадар го прават Вардар фаворит за трите бодови, а од друга страна Воска Спорт во изменет лик со млади играчи ќе оди на докажување и да остане барем непоразена.

Тиквеш на домашен терен ќе се соочи со Гостивар во меч каде трите бодови се силен императив и на двете страни. Освојувачот на Купот на Македонија сака три бода пред домашната публика, а Гостивар сака да остане непоразен, но и да ги освои трите бодови.

Шампионот Струга Трим Лум против разнишаната Брера Струмица ќе бара враќање на победничките патеки, откако во претходното коло загуби од Работнички. Струмичани запишаа два големи поразни во низа и во Струга патуваат во ситуација во која само позитивен исход ќе биде за нив цел, во секој друг случај ќе биде активиран црвениот аларм, а нема да бидат исклучени опциите и за промени.

Силекс и Шкупи ќе водат борба за трите бодови во Кратово. Во претходното коло Силекс загуби во Битола, а пак Шкупи по тренерската промена го доби убедливо Вардар во скопската пресметка на Чаир. Две екипи во променливи форми, но и тежок терен во Кратово за гостинските екипи, дуел со голема неизвесноста за трите бодови.

Шкендија на домашен терен ќе ги одмери силите со повратникот Пелистер, кој во претходното коло го забележа првиот триумф во новата сезона. Шкендија ќе ја има улогата на фаворит, а Пелистер во Тетово доаѓа по бодови.

Новајлијата Беса на домашен терен против Работнички ќе бара нова победа, за нив втора во низа, а пак Работнички по победата над шампионот Струга ќе бара нова победа и нови три бодови, а со тоа можност „романтичарите“ да бидат осамени и на врвот во Првата лига.

Натпреварите од 4. коло на Првата лига започнуваат во 16 часот.

Александар Ванев, М-Нет