Тиверија Брера домаќин на Речица, Ас Јунајтед домаќин на Атлетико

ФОТО: Александар Ванев, Телевизија М Нет

Во недела ќе бидат одиграни натпреварите од 2. коло на Првата женска фудбалска лига, а во рамки на истото Тиверија Брера на домашен терен како голем фаворит ќе го пречека тимот на Речица. Струмичани квалитетно засилени на овој меч влегуваат со една цел, трите бодови да останат дома.

Речица ќе има незгодно и тешко гостување, па за нив и реми ќе биде поволен резултат. Главен судија на мечот ќе биде Јордан Јовановски од Гевгелија.

Топ Гол на домашен терне ќе игра против ланскиот вицешампион Каменица Саса во натпревар каде гостинот ќе биде фаворит за трите бодови, против екипата која лани преку бараж се избори за опстанок во елитата. Главен судија во Битола ќе бниде Драган Стевановски од Велес.

Шампионот Љуботен на домашен терен ќе игра против Скопје во меч каде двете екипи ќе атакуваат на трите бодови. Секако фаворит на овој меч ќе биде Љуботен, но од друга страна Скопје ќе се обиде да изненади во Тетово и дома да се врати барем со бод. Главен судија на овој меч ќе биде Вјолца Изеири од Гостивар.

Ас Јунајтед на домашен терен како фаворит ќе го пречека повратникот во Првата лига екипата на Атлетико од Битола. Двете екипи во новата сезона тргнаа со порази, а во недела ќе атакуваат и двете екипи на први бодови. Главен судија на овој меч ќе биде Александар Мартиновски од Охрид.

Во рамки на второто коло слободна ќе биде екипата на Истатов, која требаше да игра со Шкендија, која пак поради финансиски проблеми не ја започна новата сезона и се откажа од натпреварување.

Сите натпревари ќе започнат во 17 часот, освен мечот во Струмица кој ќе започне во 16:30 часот.

Александар Ванев, М-Нет