
Асфалтирана е тешко пристапната улица Тодор Коларов, улицата повеќе од 50 години не била реконструирана, а ниту пак уредена со асфалтна маса. Градоначалникот Јорданов посочи дека улицата е асфалтирана со цел да се опфатат повеќе улици од програмата за уредување на градежно земјиште.
“Се наоѓаме во централното градско подрачје на улицата Тодор Коларов која што денес се асфалтира, станува збор за еден тешко пристапен терен кој што бил заборавен, практично повеќе од 50 години ова улица не е реконструирана, нема асфалтна маса, заборавена. Затоа одлучивме не само ова улица, туку сите улици од градот кои што се заборавени и кои никогаш до сега не биле реконструирани да ги опфатиме со програмата за уредување на градежно земјиште.”, истакна Јорданов
Фиансиската рамка за реконструкција на ова улица изнесува 1.2 милиони денари, а улицата го поврзува делот о градот односно порта Приолет со патот накај Клиничка Болница Штип. По завршувањето на активноста со асфалтирање на улицата Тодор Коларов ќе се продолжи со асфалтирање на улицата Страшо Пинџур која е во непосредна близина со улицата Тодор Коларов.
„1,2 милиони денари се одвоени за реконструкција на ова улица која што го поврзува делот на градот односно порта Пролет со Клиничка Болница Штип. По завршувањето на овие активности во текот на утрешниот ден ќе се асфалтира улицата Страшо Пинџур која што е во непосредна близина. Морам да истакнам дека активностите кои се превземаат на останатите делови од градот каде што се вршат одредени активности се во насока на припрема за асфалтирање. Поројните дождови практично ја отежнаа постапката за асфалтирање, затоа што земјените наноси имаат потреба од збиеност за да истите се одвестуваат со критериуми за асфалтирање. Веднаш штом ќе се создат услови и на овие позиции, посочувајќи ја улицата Широк Дол, Кружниот тек Пролетче, паркот Кртеќе ќе бидат асфалтирани и истите ќе бидат ставени во употребаи функција. “ додава Јорданов
Градоначалникот Јорданов истакна дека поројните дождови ја отежнаа работата и постапката за асфалтирање, а тоа е отежнување на градежните активности на улицата Широк Дол и кај Кружниот тек Кртеќе.
Лаура Стојанова, М-Нет