Во новата сезона во Трета лига – Југозапад ќе настапат 12 екипи

Во новата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Југозапад ќе настапат 12 екипи или поголем број на екипи кои ќе се натпреваруваат во однос на ланската сезона.

Од ланската сезона ќе настапуваат екипите на Влазними од Струга, Демир Хисар, шампионот Кораб кој не го помина баражот, Кравари, Преспа од Ресен, Сатеска од Волино и екипата на Светлост. Нови екипи во Трета лига – Југозапад се екипите на Велешта Јунајтед, Евротип од Кравари, Света Троица 2021 од Охрид и екипата на Славеј од Мешеишта.

Во новата сезона во Трета лига – Југозапад ќе настапува и ланскиот второлигаш Караорман од Струга, кој по две сезони во второлигашкото друштво испадна и стана нов член на Трета лига – Југозапад.

Новата сезона ќе започне на 15. септември, а во рамки на првото коло Кораб на домашен терен во Дебар ќе го пречека Демир Хисар, Преспа ќе игра против Светлост, Сатеска ќе се соочи со новајлијата Света Троица 2021, ланскиот второлигаш Караорман против Влазними, новајлијата Евротип против Кравари, а во првото коло соочување на новите третолигаши Велешта Јунајтед и Славеј.

Есенската полусезона од Трета лига – Југозапад ќе заврши на 24. ноември, кога ќе бидат одиграни натпревари од 11-тото коло.

Минатата сезона екс второлигашот Кораб од Дебар беше шампион, но не успеа да го помине баражот за Втора лига, откако загуби од Вардарски од Богданци, екипа која беше шампион во Трета лига – Исток и со тоа после 27 години Вардарски се врати во Втората лига.

Александар Ванев, М-Нет