Ќе се откочи ли процесот за изградба на регионална депонија во Свети Николе?

Да се откочи деценискиот проект и кончено да се изгради регионалната депонија кај Свети Николе. И денеска на третата седница на меѓуопштинскиот одбор за управување со отапд при ИПР изградбата на депонијата беше главна тема на дискусија. Претседателот на советот на ИПР, Виктор Паунов на денешниот состанок посочи дека изградбата на регионална депонија е од големо значење за граѓаните од Источниот и Светоисточниот регион, со што ќе бидат затворени големи број мини депонии кои секојдневно се создаваат.

„Денес се одржува третата седница на меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад при Источен плански регион заедно со заменик министерката за животна средина, денес ќе разговараме на неколку точки кои што се важни за реализација на проектот. Односно откочување на процесот и завршување на овој долгогодишн проект кој е важен за регионот, но и поширокиот регион, поточно североисток и источниот плански регион. Фазите кои што се завршени со имплементација и они кои што допрва треба да следат треба да се даде прецизни информации во однос на статусот и главниот дел однонсо почетокот на реализација на проектот за изградба на депонија односно фабрика за управување со отпад или регионален центар за управување со отпад.“ – изјави Паунов

Заменик министерката за животна средина Лашкоска вели дека проектот трае веќе цела една деценија, а во изминатиот месец дена добил на динамкика. Како што вели министерката, обврските на министерството веќе се при крај, а очекуваат европската комисија да ги одобри документите и тендерот да биде распишан во првата половина на месец септември.

„По завршувањето на тендерот, следува евалуација и очекуваме изградбата на депонијата да заврши во рок од година ипол или две. Во меѓувреме остануваат уште некои мали обврски кои што дел од општините треба да ги завршат, но тоа би бил паралелен процес кој би се одвивал од страна на државата и општините. Се работи за еден исклучително важен проект за државата и за овој регион источниот односно североисточниот и овој регион ќе биде првиот регион кој ќе има ваков проект, кој што ќе биде ист како сите европски современи држави.“ – изјави Лашкоска

Инаку проектот се одвиваше во неколку фази и е врден околку 40 милиони евра со што 85% оод него се средства од европски пари, а со 15% учествува државата. Дел од проектот е завршен затоа што општините добија возила, а во моментот се одвива фазата за добивање на канти за ѓубре и контејнери, а како за крај останува завршната фаза. Односно крајната реализација на проектот за изградбата на депонијата.

Лаура Стојанова, М-Нет