
Се уште е неизвесно колку и во кои штипски училишта ќе се воведе едносменска настава. Во игра засега е штипската гимназија, но и овде треба да реконструираат неколку простории за да може наставата да се одвива непречено. Штипското медицинско училиште нема доволно капациетет за наставата да се одвива во една смена, па потребна е доизградба. Воведувањето на едносменска настава во училиштата е со цел соодветно да се распределат наставниците, а со тоа и учениците да добијат поголем и подобар степен на образование.
„За разлика од тоа, распределбата во државата е таква што на места нема наставници или во општини, во региони, аво одредени други региони ние имаме повеќе наставници. Не е решение да имаме помал број на наставници, решение е овие наставници што ги имаме добро да ги искористиме за да го подобрат квалитетот“ – вели Јаневска.
За дефицитарните кадри како оние по математика, физика, хемија, географија државата ќе дава стипендии со цел да ги привлече да работат во образованието. Со новиот начин на работа подобри услови се очекуваат и за наставниците и за учениците.
„Што се однесува до оние дефицитарни кадри како што се математика, физика, хемија, географија, па и македонисти и историчари – државата ги стипендира и ќе ги стипендира, ќе ги ослободува од партиципација, ќе ги користи сите механизими за да ги привлече да работат во образование, во една благородна струка“ – додава Јаневска.
Инаку, Во Македонија за седум години има 16000 ученици помалку, над 3000 илјади првачиња помалку,вели Јаневска.
Лаура Стојанова М-Нет